Хируршка процедура


АНАТОМИЈА НА ДОЈКИТЕ

Дојките се составени од млечни канали и жлезди, опкружени со масно ткиво кое им дава облик и чувство. Важно е да знаете дека имплантите се користат за зголемување на дојките. Самите импланти не можат соодветно да ја подигнат дојката или да ги корегираат последиците од бременоста, губење на тежината или вишок кожа. Вашиот хирург може да Ви предложи дополнителна процедура, мастопексија за подигнување на дојките која се изведува за време на хируршката интервенција за поставување на имплантите.

Ментор е горд на квалитетот кој е вграден во секој имплант. Бидете сигурни, доколку се одлучите да ги користите овие производи, зад вас стои компанија кој ги разбира вашите желби и очекувања и се грижи за вас.



ХИРУРШКА ПРОЦЕДУРА

Зголемување на дојките е интервенција која се изведува во болница или хируршки центар. Болничкиот престој трае еден ден. Најчесто се користи општа анестезија, со тоа што ќе спиете за време на интервенцијата. Интервенцијата вообичаено трае 1-2 часа. Вашиот хирург ќе направи рез и ќе формира џеб каде ќе го постави имплантот. Кога имплантот ќе биде поставен, резот се затвара со хируршки конци. За да добиете најдобри резултати и побрзо да заздравите, вашиот хирург ќе ви објасни која хируршка техника е најдобра според вашите потреби.


ХИРУРШКИ РЕЗ И НАЧИНИ НА ПОСТАВУВАЊЕ

Инцизија (хирушки рез)

Хируршката интервенција за зголемување на дојката обично се изведува со користење на еден од трите места за инцизија (хируршки рез): под раката (трансаксиларна), околу брадавицата (периареоларна) или под дојките (инфрамамарна).

  • Трансаксиларна — Овој рез е повидлив, но може да биде одлична опција за жените кои не сакаат лузни на дојките.
  • Периареоларна — Овој рез е помалку видлив, но бидејќи се сече ткивото на дојката, може подоцна да се јават проблеми со лактација и доење. Исто така може да се јават промени во осетливоста на дојката или брадавиците.
  • Инфрамамарна — Овој рез е најмалку видлив и може да предизвика помалку проблеми во доењето за разлика од периареоларната лузна.

Вашиот хирург детално ќе ви ги објасни сите места за хирушки рез и ќе ви помогне да донесете одлука која е најдобра опција за Вас.

(4) Hurst, N.M. Lactation after augmentation mammoplasty. Obstet. Gynecol. 87(1):30-4.


Поставување

За време на интервенцијата за зголемување на дојките, имплантите ќе бидат поставени под градниот мускул (субмускулно) или врз мускулот под жлездите на дојките (субжлездено).

Субмускулно поставување
Предностите од ваквото поставување се помала палпабилност и полесно мамографско снимање на дојките. Исто така помали се шансите од создавање на фиброзно ткиво околу имплантите. За разлика од субжлезденото поставување, субмускулното поставување на имплантот може да го продолжи времетраењето на хируршката интервенција и заздравувањето е поболно и може да ја отежни повторената хируршка интервенција.

Субжлездено поставување
Субжлезденото поставување пак може да го скрати времетраењето на хируршката интервенција. Заздравувањето е помалку болно и полесен е пристапот за повторна хируршка интервенција. Ваквото поставување може да резултира со поголема палпабилност на имплантот и да го отежни мамографското снимање на дојката.

Заедно со хирургот треба да разговарате која опција е најдобра за вас и да донесете заедничка одлука.


ВАШЕТО ЗАЗДРАВУВАЊЕ

Заздравувањето кај секоја жена е различно. Во принцип, неколку дена по операцијата ќе чувствувате болка. Во првите 24-72 часа ќе чувствувате непријатност. Вашите дојки ќе бидат отечени и тврди. Иако заздравувањето е различно кај секоја жена, една недела по операцијата ќе можете да продолжите со полесни активности. Важен дел од вашето заздравување е и носење на постопративен градник со компресија. Овие градници се дизајнирани за да ви обезбедат дополнителна поддршка додека трае заздравувањето. Вашиот доктор исто така може да ви предложи дополнителни совети кои треба да ги следите додека заздравувате. Доколку имате проблеми по операцијата, веднаш контактирајте го вашиот хирург.


Кои прашања треба да му ги
поставите на Вашиот хирург?

  1. Колку години работите хирушки интервенции за зголемување на дојки?
  2. Колку вакви интервенции имате годишно?
  3. Кои се можни ризици и компликации од операцијата за зголемување на дојките?
  4. Кои се моите можности за зголемување на дојките?
  5. Каков облик, големина, текстура на површина и каков рез препорачувате за мене?
  6. Дали поставувањето на импланти ќе влијаат на доењето во иднина?
  7. Што да очекувам, како ќе изгледаат имплантираните дојки со текот на времето?
  8. Дали имате фотографии од пред и потоа и може да ги погледнам?