Речник

Речник

Аспирација: Извлекување на течност од телото по пат на вшмукување.

Биокомпатиблен: Биолошки компатибилен со тоа што не предизвикува токсичен одговор во ткивото.

Агументација на дојки: Хируршка процедура за зголемување на дојки со имплантирање на протези.

Имплант за дојка: Мека, силиконска обвивка со различни полнења која може да биде поставена во телото со цел да симулира ткиво на дојка.

Капсуларна контрактура: Затегнување на ткивото на лузната околу имплантот.

CPG™ импланти за дојка со гел: MENTOR® CONTOUR PROFILE™ гел имплант за дојка.

Обвивка: Надворешна обвивка на имплантот која го чува внатрешното полнење, го затвора.

Експандер/имплант за дојка: Имплант за дојка кој исто се однесува како ткивен експандер, но потоа останува како имплант за дојка.

Физброзно ткиво: Сврзно ткиво составено главно од влакна.

Жлезден: Се однесува на жлезда.

Хеморагија: Aбнормално внатрешно или надворешно крварење.

Болничка хирургија: Хируршка процедура во која пациентот треба да остане преку ноќ во болница.

Мастопексија: Естетска интервенција за подигнување на дојки.

MemoryGel™ Импланти за дојка: MENTOR® Имплант за дојка полнет со гел.

Тромбоза: Формирање на крвен тромб.

Млечни канали: Канали низ кои поминува излаченото млеко.

Непроѕирно: Нетранспарентен, непробоен за светлосни зраци и x-зраци.

Амбулантска хирургија: Хируршка процедура во која пациентот не треба да лежи во болница.

Главен пекторален мускул: Мускул кој се наоѓа во горниот дел од градите кој обезбедува поддршка на дојките и е потребен за движење на раката.

Постоперативен имплант: Имплант кој овозможува прилагодување на волументо после имплантацијата, со специфициран ранг.

Протеза: Вештачки дел од телото.

Птоза: Виснување на дојките обично е резултат на стареење и силата на гравитација или промени предизвикани од бременост или губење на тежина.

Физиолошки раствор: Раствор кој е составен од вода и мала количина на сол. Приближно 71% од тежината на возрасен човек се состои од овој солен раствор.

Сензорни нерви: Нерви кои ги пренесуваат импулсите од сензорните рецептори до мозокот или `рбетниот мозок.

Сепса: Присуство на различни микроорганизми и нивните токсини во крвта или ткивото.

Силикон: Материјал кој е широко употребуван во медицинските импланти, составен примарно од силикон,карбон, хидроген и оксиген.

Силиконски гел: Силикон произведен во полуцврста, полутечна состојба, кој се користи како полнење за имплантите за дојки, слични по конзистенција на нормална дојка.

SILTEX™ TEXTURE: MENTOR®: Tекстурирана површина на имплантот за дојка.