Дополнителни информации


Ресурси за зголемување на градите

Следната листа може да ви помогне каде да најдете повеќе информации за зголемување на дојките и пластичен хирург во вашата област.

  1. Американска Асоцијација на пластични хирурзи
    www.plasticsurgery.org
  2. Британска Асоцијација на естетски и пластични хирурзи
    www.baaps.org.uk
  3. Француско здружение на пластични хирурзи
    www.plasticiens.org
  4. Германска асоцијација на пластични хирурзи
    www.vdpc.de
  5. Италијанско здружение на пластични хирурзи
    www.sicpre.org
  6. Шпанско здружение на пластични хирурзи
    www.secpre.org
  7. Македонска асоцијација на пластична реконструктивна и естетска хирургија МАПРЕХ


НЕЗАВИСНА ГРУПА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ

Беше составена независна медицинска група за силиконски импланти предводена од главниот медицински офицер на Обединетото Кралство, за да ги истражи можните здравствени компликации поврзани со импланти за дојки со силиконски гел. Членовите на независната група беа избрани заради нивните независни ставови, нивната експертиза и разбирање на проблематиката и поради тоа што немаат финансиски интерес за резултатите што ги постигнаа.

Предводени од проф. д-р Роџер Д. Стурок во 1998 година објавија дека не постојат научни докази за поврзаност меѓу силиконски импланти за дојки полнети со гел и болестите на сврзното ткиво.(7)

ЕВРОПСКИ КОМИТЕТ ЗА ГАРАНЦИЈА НА КВАЛИТЕТ

Во јули 1998 година, Европскиот комитет за гаранција на квалитетот на медицинските помагала во Пластичната хирургија, објави извештај во кој се содржани следните заклучоци:

„Постојат научни, клинички, имунолошки, епидемиолошки податоци дека силиконските импланти за дојки полнети со гел не предизвикуваат никакви автоимуни ниту болести на сврзното ткиво “. Нивниот извештај, исто така, потврдува: „Продолжените студии покажуваат дека имплантите исполнети со силиконски гел не предизвикуваат рак, ниту други малигни заболувања”. Целата декларација може да се најде на интернет страната: http://www.ibir.org/equam/archive/consdecjune2000final.doc. (8)

(7). Импланти за дојка исполнети со гел силикон, Извештај од незавинса група 1998 проф. д-р Роџер Д. Стурок, претседател на независната група за ревизија.

8. Европскиот комитет за квалитет и медицински помагала во пластичната хирургија. www.ibir.org/equam/archive/consdecjune2000final.doc. Accessed June 22, 2014.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ИМПЛАНТИТЕ ЗА ДОЈКА

Во последните неколку години има неколку написи во медиумите за жени со импланти за дојка кои имаат автоимуни заболувања или рак на дојка. Исто така многу медицински професионалци и институции спроведоа истражувања за безбедноста на имплантите за дојка. Ментор со задоволство ја информира јавноста за резултатите од истражувањата за имплантите за дојка.

ИНСТИТУТ ЗА МЕДИЦИНА

Во Јуни 1999 година, Институтот за медицина на Националната Академија објави извештај со следните заклучоци: По разгледување на епидемиолошките докази, Комитетот го заклучи следново: „Во САД има повеќе од 1.5 милион возрасни жени од сите возрасти со силиконски импланти за дојка. Некои од овие жени се очекува да развијат болести на сврзното ткиво, рак, невролошки заболувања или други системски болести или состојби. Доказите покажуваат дека овие болести или состојби не се почести кај жени со импланти за дојки отколку кај жени без импланти.“ (6)

(6) Безбедност на силиконските импланти за дојка. Бондурант, стуарт, Ернстер, Вирџинија Л., Хердман, Роџер, Безбедност на силиконските импланти (САД). Комитет за безбедност на силиконските импланти пресс на Националната акедемија, 2000-Медицински референци може да се најдат на: http://books.nap.edu/catalog.php?record_id=9602



MENTOR – КОМПАНИЈА КОЈА СЕ ГРИЖИ

Mentor Worldwide LLC, е основана во 1969 година и е водечки производител на медицински производи за естетска и реконструктивна хирургија, присутна во повеќе од 100 земји во светот

Ментор е водечки производител на висококвалитетни импланти за дојки, со долгогодишно искуство кое резултира со квалитетни производи на кои можете да се потпрете. Ментор континуирано спроведува истражувања, развој и производство во повеќе објекти низ Европа и САД. Исто така компанијата има продажни и дистрибутивни центри ширум светот. Во 1995 година Ментор стана првиот производител на импланти кој ја доби ознаката CE на своите производи.

Ментор е горд на квалитетот кој е вграден во секој имплант за дојки и можете да бидете сигурни дека зад вашата одлука да ги користите нашите производи стои компанија која ги разбира вашите очекувања и желби и навистина се грижи за Вас.