Импланти за дојка
Имплантот за дојки е силиконски еластомер, полнет со силиконски гел или физиолошки раствор, кој хируршки се поставува под ткивото на дојките или под градниот мускул. Ментор произведува два типа: импланти полнети со гел и импланти полнети со физиолошки раствор.
Импланти за дојка исполнети со гел
Имплантите за дојка MENTOR® MemoryGel™ се полнети со кохезивен гел, што наликува на природното ткиво на дојките. Кога станува збор за задоволството на пациентот, милиони жени во светот ги одбраа имплантите со гел MENTOR® MemoryGel ™ кои по изглед и допир се најслични со природното ткиво. MENTOR® MemoryGel ™ имплантите за дојка се достапни во повеќе: големини, профили (од умерен до ултра висок профил), текстури (мазна текстура SMOOTH™ или со SILTEX™ текстура), облици за да ви помогнат да го најдете оптималниот имплант.
Стилови на импланти
Покрај големината и формата, имплантите за дојки се достапни и во повеќе стилови (што зависи од предната проекција на градниот кош). Генерално, доколку сакате поголема корпа, вашиот хирург ќе ви постави поголеми импланти.
Површина на имплантите
Имплантите за дојка се достапни со мазна и текстурирана површина. Најчесто хирурзите одбираат импланти со текстурирана површина. Кружните импланти MENTOR® се со SILTEX ™ текстура, која е изработена од Ментор и поддржана од повеќегодишни клинички студии.
Заедно со хирургот ќе одберете кој имплант е најдобар за вас.
Различни форми и големини
на импланти за дојка
Во зависност од формата која сакате да ја постигнете, вие и вашиот хирург може да одберете кружен или анатомски имплант. И двата вида се достапни во две полнења: со гел или физиолошки раствор.
Имплантите со кружна форма имаат дизајн и изглед кој е близок до природните дојки.
Имплантите за дојки се мерат во кубни сантиметри или cc. Големината на имплантот зависи од обликот и големината на природните дојки кај секоја жена.
Вашиот хирург ќе ги прегледа вашите дојки и ткивото за да види дали имате доволно ткиво за имплантот кој го сакате. Во некои случаи после бременост, може да се јави вишок кожа. Ако големината на градниот имплант е преголем за вашето ткиво, хирургот може да ве предупреди дека рабовите на имплантот ќе бидат видливи и ќе се чувствуваат на допир. Исто така прекумерно големите импланти може да го зголемат ефектот на гравитација и да резултира со опуштање на дојките со текот на годините.
СТЕПЕНИ НА КОХЕЗИВНОСТ НА ГЕЛОТ
MENTOR® MemoryGel™ имплантите за дојка, личат и се чувствуваат како природното ткиво без да се загрози сигурноста и безбедноста, во споредба со имплантите полнети со физиолошки раствор. Имплантите за дојка со гел се достапни во три степени на кохезивност, од мек до потврд:
Cohesive I™—гел со стандардно ниво на кохезивност и е најмекиот гел на Mentor
Cohesive II™—Поцврст гел за поцврст имплант
Cohesvie III™—најкохезивниот гел на Mentor кој обезбедува одржување на обликот
MENTOR® CPG™ гел имплантите се исполнети со најкохезивниот гел на Mentor, Cohesive III™ што ја одржува формата и обезбедува оптимални естетски резултати.
Пациенти со вградени гел импланти за дојка MENTOR® CPG ™
Најопсежниот план за заштита достапен на пазарот.
Неспоредлива заштита
Ментор е долгорочно посветен на Вашата благосостојба
Тука сме да одговориме на сите Ваши прашања пред операција и најважното, со Вас сме и по завршување на истата… долгорочно посветени на Вашата благосостојба.
Сознанието дека Вашиот хирург одбрал висококвалитетни импланти, ви дава чувство на сигурност и безбедност долго по вашата операција.
Како водечки светски производител на импланти за дојка, повеќе од 30 години Ментор е прв избор на милиони жени во светот. Нашата евиденција за квалитет и иновации ни овозможува да одиме напред и над индустриските стандарди со најопсежниот план за заштита MENTORPromise.
Преглед на планот за заштита MENTORPromise
* Во случај на потврдена руптура или дефлација (протекување) на било кој имплант за дојка MENTOR поради оштетување или деламинација, за што е потребна хируршка интервенција, без оглед на староста на имплантот, Mentor ќе обезбеди бесплатна замена со имплант во било која големина, од ист или сличен вид како претходно имплантираниот производ. +Доколку е потребна операција за замена на имплантот за дојка MENTOR исполнет со гел, заради потврдена руптура во период од (10) години од датумот на вградување на имплантот, под услов индикацијата за операција да е докажана и потврдена од страна на Ментор на основа на проценка, Ментор ќе ги плати неосигураните готовински трошоци за операциона сала, анестезија и/или хируршките трошоци непосредно поврзани со операција на замена, во максимален вкупен износ до 1000 EUR. Трошоците за операциона сала и анестезија ќе се сметаат како приоритет за плаќање. Во таквите случаи барањето за финансиска помош во склоп на Планот за заштита MentorPromise мора да се поднесе до Вашиот хирург. Финансиската помош не подразбира давање на заем. ++ Во случаи на капсуларна контрактура (Baker III/IV), двојна капсула или доцен стадиум на сером кај операции за зголемување со импланти за дојки Mentor исполнет со гел, Ментор ќе овозможи бесплатна замена на имплантот MENTOR исполнет со гел, во период од десет (10) години од датумот на вградување на имплантот, под услов индикацијата за операција да е докажана и потврдена од страна на Ментор врз основа на проценка на извадениот производ, и потребната документација. Ментор ќе обезбеди замена на имплантот во било која големина, од истиот или сличен вид, како и оригинално вградениот производ.
РЕФЕРЕНЦИ
Споредено со гаранциите на следните импланти за дојка:
- Алерган Натреле: http://www.natrelle.co.uk/breast-enhancement/Pages/warranty.aspx
- Еуро силикон & Нагор: http://nagor.com/pdf/Warranty_PDF_Nagor.pdf
- Арион: http://www.laboratoires-arion.com/images/arion/ARION_GUARANTEE_PROGRAM_ANG.pdf
- Политек: http://www.polytechhealth.info/images/pdf/IoE_Information_engl_2015-01.pdf
- Мотива: https://motivaimplants.com/product-warranty/
- Себин: Гаранција и премиум гаранција на импланти, од 20 март 2017 година.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Колекцијата импланти од MENTOR® се наменети за зголемување на дојките – кај жени кои имаат најмалку 22 години за имплантите MENTOR® MemoryGel ™, и најмалку 18 години за MENTOR® Saline Breast Implants. Операција на дојка не смее да се изведува кај: жени со активна инфекција во телото, жените кои имаат канцер или предканцерогена состојба на дојките и немаат добиено соодветен третман за овие состојби, жени кои се бремени или дојат.
Постојат ризици поврзани со операција за зголемување на дојките. Треба да бидете свесни дека имплантите не се доживотни и може да има потреба од дополнителни интервенции. Можеби ќе бидат потребни дополнителни хируршки интервенции поради компликации или ако не е постигнат посакуваниот козметички ефект. Промените во вашата дојка по имплантација се неповратни (не може да се корегираат) а имплантите може да влијаат на вашата лактација и доење.
Имплантите за дојки не се доживотни и може да бидат потребни дополнителни хируршки интервенции. Најчести компликации при зголемување на дојките со имплантите MemoryGel ™ се повторна операција, капсуларна контрактура, промени во чувствителноста на брадавиците, отстранување на имплантот со или без замена и птоза. Една од компликациите со помал ризик е руптура (кинење) на имплантот, која најчесто се случува без Вие и Вашиот доктор да забележите. Последиците по здравјето од пукнат имплант не се во потполност докажани. Магнетна резонанца се препорачува да се прави еднаш годишно во период од три години по операцијата, а потоа на секои две години со цел да се открие руптура.
Ги советуваме пациентите да разговараат со својот хирург за индикациите, контраиндикациите, предупредувањата, мерките на претпазливост, ризиците и предностите поврзани со имплантите за дојка MENTOR®, како и да го прочитаат делот Важни информации за безбедност на страната www. mentorwwllc.eu.
Важно е пациентите да бидат информирани за ризиците поврзани со операцијата, пред да се одлучат да направат хируршка интервензија за зголемување или реконструкција на дојките со импанти за дојка MENTOR®.
ОВА Е ОГРАНИЧЕНА ГАРАНЦИЈА И СЕ ОДНЕСУВА САМО НА УСЛОВИТЕ И ОДРЕДБИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО ОВОЈ ДОКУМЕНТ. СИТЕ ДРУГИ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ОД ЗАКОН ИЛИ ДРУГО, ВКЛУЧИТЕЛНО, НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ГАРАНЦИИТЕ ЗА ПРОДАЖБА И СООДВЕТНОСТ, СЕ ИСКЛУЧЕНИ ВО ОПСЕГ НА ДОЗВОЛЕН ОД ЛОКАЛНИТЕ ЗАКОНИ. МЕНТОР НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА БИЛО КАКВИ СЛУЧАЈНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ПОСЕБНИ ЗАГУБИ, ОШТЕТУВАЊА ИЛИ ТРОШОЦИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ПОСРЕДНО ИЛИ НЕПОСРЕДНО ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ОВИЕ ПРОИЗВОДИ. ДО СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН, МЕНТОР НЕ ПРЕЗЕМА И НЕ ОВЛАСТУВА ДРУГО ЛИЦЕ ДА ПРЕЗЕМА БИЛО КАКВА ОБВРСКА И ОДГОВОРНОСТ ВО НЕГОВО ИМЕ ВО ВРСКА СО ОВИЕ ПРОИЗВОДИ. МЕНТОР НЕ ГАРАНТИРА И НЕ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ МЕНТОР КОИ НЕ СЕ ДИРЕКТНО НАБАВЕНИ ОД МЕНТОР ОД СТРАНА НА ДОКТОРОТ (ИЛИ ОВЛАСТЕНИОТ ДИСТРИБУТЕР).
© Mentor Worldwide LLC 2017 070354-170403