Дома

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ И ДОНЕСЕТЕ ОДЛУКА

Тука ќе најдете информации за Ментор имплантите за зголемување на дојки, кои ќе ви помогнат да се подготвите за процедурата што следува.

Во последните 25 години, компанијата Ментор, е призната како водечки производител на најквалитетни импланти за дојка. Постојат два типа на импланти: импланти полнети со гел и импланти полнети со физиолошки раствор.

Кога размислувате за зголемување на дојките, треба да ги знаете вашите можности како и прашањата кои треба да ги поставите на вашиот хирург.




Дали сте подготвени да почнете?

Компанијата Ментор произведува импланти за дојки со највисок квалитет, кои се избор на милиони жени во светот. Постојат два типа на импланти: импланти полнети со гел и импланти полнети со физиолошки раствор.

Во текот на своето постоење, Ментор има многу иновативни дизајни, голем број на истражувања и зазема водечко место во индустријата. Ментор го постави рекордот во континуирано производство на водечки производи за зголемување на дојките одобрени од ФДА и ЦЕ.



Се започнува од Тебе


Дојките кај секоја жена се симболот на женственоста. За илјадници жени, самодовербата и личното задоволство е поврзано со зголемување на дојките. Жените кои направиле примарно зголемување на дојките со имплантите MENTOR MemoryGel, имаат поголема самодоверба и сексуална привлечност.

Постојат повеќе причини зошто жените одлучуваат да ги зголемат дојките. Дел од нив се:

  • Зголемување на дојките за постигнување на пропорционален изглед.
  • Обликување и зголемување на дојките кои ја изгубиле формата за време на доење.
  • Изедначување на дојките кои се разликуваат по големина и форма.

Вашите причини се лични, и одлуката за зголемување на дојките треба да биде донесена од Вас и од Вашиот хирург врз основа на вашите индивидуални потреби, желби и очекувања. Денес, постојат повеќе можности кои ви се на располагање. Оваа веб страна е наменета да ви помогне да дознаете повеќе за процедурата за зголемување на дојките. Целта на оваа веб страна не е да го замени разговорот со вашиот хирург.

Ментор е горд на квалитетот кој е вграден во секој имплант. Бидете сигурни, доколку се одлучите да ги користите овие производи, зад вас стои компанија кој ги разбира вашите желби и очекувања и се грижи за вас.


Сведоштва на нашите пациенти

Линда

Повеќе од 5 години размислував да ги зголемам моите дојки, но поинтензивно почнав да се интересирам пред 2 години. Бев на консултации и одлучив да одберам анатомски импланти. И покрај тоа што се малку поскапи, сметам дека овие импланти вредат. Тие се поквалитетни и изгледаат по природно. За мене беа соодветни со висок профил од 440 кубни сантиметри (ова беа најголемите импланти што одговараа на мојата физиономија). Чуствувам дека тие се совршена големина за моето тело и јас сум многу задоволна од резултатот.
Излегов од болница и прв пат ги видов дојките во мојот дом. Бев мноооогу среќна. Моите дојки изгледаа подобро од што можев да замислам и навистина ги засакав од прв момент. Се на се, постоперативниот период не беше многу страшен и јас препорачувам зголемување на дојки на секоја жена што не е среќна со големината на своите. Исто така ги препорачувам анатомските имплани поради природниот изглед. Но најважно од се е правилниот избор на доктор. Мојот совет е да си земете доволно време за истражување и пронаоѓање на правиот доктор кој ќе биде ваша најголема поддршка.
Навистина сум среќна што се одлучив да ги зголемам дојките и гледано од оваа перспектива разбирам дека не сум ни била свесна колку многу ми пречеле моите дојки пред операцијата. Нивната големина ме правеше несигурна. Сега моето држење е подобрено, се чувствувам послободна во комуникација со луѓето и најважно од се, се гледам себеси со други очи. Дефинитивно оваа операција вредеше за сите пари кои ги имав заштедено.

 

Мери

 

Моите дојки никогаш не се развија. Нивната големина секогаш ме правеше да се чувствувам засрамена и незадоволна од изгледот на своето тело. И по 20 години во брак со мојот сопруг, јас секогаш се чувствував непријатно да му дозволам да ги види или допре моите дојки. Неодамнешното значително губење на тежина, допринесе тие да изгледаат уште полошо. Така, конечно јас одлучив да направам нешто и да го поправам изгледот на моето тело. Се двоумев во изборот на големина и на крајот избрав импланти од 300 кубни сантиметри, бидејќи иако посакував да изгледам поженствено, не сакав драматично да го променам мојот изглед.
Постоперативниот период помина многу лесно, имав многу малку болки. Се напив апчиња против болки само првата вечер, затоа што не знаев што да очекувам. Денот по операцијата имав отоци кои се проширија под пазувите, но реално не чувствував голема болка. Ставив ладни облоги неколку пати во првата недела по операција, и бев подготвена да се вратам на мојот нормален живот за неколку дена. Единствено внимавав да не кревам тешки работи. Од работа земав 1 недела слободна, но реално не ми беше потребна. Почнав со лесни кардио вежби по 2,5 недели, а веќе по четвртата недела се вратив на мојота нормална програма за тренинг.

 

Дијана
Никогаш не бев благословена со големи дојки. Одсекогаш бев свесна за големината на моите дојки. Купувањето на костими за капење, градници, блузи и фустани секогаш представувало проблем за мене. Конечно собрав храброст да одам на консултација (овој момент најмногу ме плашеше), и потоа одлучив дека зголемувањето на дојките е вистинската опција за мене. Многу сум среќна дека го сторив тоа! Уживам и се забавувам во купување на нова облека чувствувајќи се сигурно во своето сопствено тело.
Сега кога ја знам мојата големина на градник, нарачав неколку градници од интернет. Но забележав дека некои од нив не ми прилегаат соодветно поради погрешниот избор на големина на корпа. По неколку пробувања се изненадив кога сватив дека со новите дојки соодветна корпа за мене е Д. Не ми се верува каква промена направив, од А корпа на Д корпа, а моите дојки изгледаат природно и не се преголеми за моето мало тело.